Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Силекс, Македонија Ѓ.П, Струга и Академија.П се пласираа во полуфиналето

Куп на Македонија: Силекс, Македонија Ѓ.П, Струга и Академија.П се пласираа во полуфиналето

Академија Пандев, Македонија ЃП, Силекс и Струга Трим Лум се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија после денешните натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдолго се играше на мечот Силекс – Шкендија, а во пенал рулетот Силекс излезе како победник. Резервниот голман на Кратовчани им одбрани пенали на Тотре и Ибраими со што го однесе Силекс во полуфиналето. Претходно резултат беше 0:0.

Македонија Ѓорче Петров немаше поголеми проблеми и со високи 1:4 ја победи Белсица на гости.

Струга Трим Лум минимално со 1:0 славеше против Ренова 1:0, одлучувачкиот гол од пенал го постигна Лена во 53. минута.

Академија Пандев го доби Шкупи со 2:1. Томовски и Илиев погодуваа за „пандевци“, а Дарбо беше стрелец за Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …