Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Историски успех за Воска, полуфинале и за Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров!

Куп на Македонија: Историски успех за Воска, полуфинале и за Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров!

Денес се играа натпревари од Купот на Македонија по кои во следната фаза се пласираа екипите на Македонија Ѓорче Петров, Воска Спорт и Брера.

Македонија Ѓорче Петров која го брани трофејот во ова натпреварување го совлада Силекс со 1:0. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Алтин Алији во 66. минута од средбата. Алити знаеше како да искористи една одбиена топка која дојде до него и ја смести зад грбот на противничкиот голман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Воска Спорт направи историски успех и за првпат од своето постоење ќе игра полуфинале во Купот на Македонија. До место помеѓу најдобрите четири Воска стигна со победа од 1:0 против Брегалница во Штип. Јашаровски со глава го постигна единствениот гол кој се покажа како доволен.

Тиквеш преку пенали исто така стигна до полуфиналето. По регуларните 90 минути во Кавадарци против Брера одиграа 1:1, а потоа на пенали беа подобри со 6:5. Брера до водство дојде пред крајот на првото полувреме кога Велинковски погоди за 1:0, додека Тиквеш во вториот дел преку Куреж обезбеди 1:1 во регуларниот дел.

Трагичар за струмичкиот тим беше Ѓорѓиевски кој не го реализираше ударот од 11 метри во пенал серијата.

Натпреварот помеѓу Работнички и Шкупи поради лоши услови за игра во Маџари не се одигра денес и двете екипи ќе се сретнат утре на тренинг центарот „Петар Милошевски“. На оваа средба забрането е присуство на публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…