Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Бајрами посакува трофеј и како тренер, за Михајлов нема фаворит!

Куп на Македонија: Бајрами посакува трофеј и како тренер, за Михајлов нема фаворит!

Утре на програмата е битката за трофејот во Купот на Македонија помеѓу екипите на Македонија Ѓорче Петров и Силекс.

Ѓорчептровци атакуваат на трофејот, а тимот од Кратово кој успеа да после една сезона да се врати во првата македонска лига ќе биде во улога на бранител.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на „лавовите“ Муарем Бајрами истакна дека посакува во својата кариера да додаде и куп трофеј како тренер.

“Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме“, изјави Бајрами.

Стратегот на кратовскиот состав Горзад Михајлов смета дека ова е натпревар во кој нема фаворити.

“Ни се отвори шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред се ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитската улога не би требало некому да му се дава, затоа што ова е финале и се е отворено.

Финалето се игра утре со почеток од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…