Дома Фудбал Куп на кралот: Реал повторно имаше среќа, Барса против соседите, дерби во Мадрид

Куп на кралот: Реал повторно имаше среќа, Барса против соседите, дерби во Мадрид

kup

Познати се паровите за четвртфиналето на шпанскиот куп.

Актуелниот шампион Барселона ќе игра против градскиот ривал Еспањол, првиот натпревар се игра на „Ел Прато“ додека реваншот на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид повторно имаше среќа, после Нумансија „кралевите“ ќе играат против Леганес кој ќе биде гостин во првиот натпревар.

Дербито на четвртфиналето се игра во Мадрид, Атлетико на „Ванда Метрополитано“ ќе ја пречека Севиља, додека реваншот е закажан за седум дена подоцна на „Рамон Санчез Пизхуан“.

Во последниот пар ќе играат Валенсија и Алавеш.

Првите натпревари на програмата се 17 јануари, а реваншот седум дена подоцна, потоа следат и полуфиналените 31 јануари и 7 февруар, додека големото финале е закажано за 17 април.

Парови за ¼ финалето

Леганес – Реал Мадрид

Еспањол – Барселона

Атлетико Мадрид – Севиља

Валенсија – Алавес

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…