Дома Фудбал Куп на Кралот: Барса имаше тежок ждреб, Мадриѓаните поминаа лесно

Куп на Кралот: Барса имаше тежок ждреб, Мадриѓаните поминаа лесно

Денес се одржа ждребот за Купот на Кралот, а бранителот на трофејот Барселона за противник ја доби Селта Виго.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците првиот натпревар ќе го играат во Виго, а седум дена подоцна Селта ќе гостува на „Камп Ноу“, каде викендов одигра реми 2:2.

Реал Мадрид имаше повеќе среќа и ќе игра со второлигашот Нумансија, додека Атлетико помина најдобро и ќе се сретне со третолигашот Леида.

Натпреварите од осминафиналето на програмата се на 3-ти и 10-ти јануари, а два дена потоа ќе се одржи нов ждреб за ¼ финалето.

Осминафинални парови:
Селта – Барселона
Форментера – Алавес
Атлетико Мадрид – Леида
Нумансија – Реал Мадрид
Кадиз – Севиља
Леганес – Виљареал
Лас Палмас – Валенсија
Еспањол – Леванте

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар повторно тренира, но дали ќе може да игра?

Бразилскиот фудбалер Нејмар во вторникот се врати на тренинг со репрезентацијата за прв па…