Дома Фудбал Куман: Се уште не сме го допреле дното

Куман: Се уште не сме го допреле дното

Тренерот на Барселона, Роналд Куман смета дека целосната криза во клубот се рефлектира на игрите на тимот.

Барселона катастрофално ја отвори сезоната и заостанува 12 бода зад лидерот Атлетико Мадрид, а пред неколку дена тимот доживеа дебакл од Јувентус во ЛШ.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Дали сме го допреле дното? Тимот нема континуитет, но не сме го допреле дното се уште. На гостувањето кај Јуве одигравме одличен меч, а сега противникот одигра таков натпревар. Ако подобриме некои детали од играта, ќе почнеме да победуваме“,смета Куман.

„Кога си навикнат да бидеш на врвот, тешко е да објасниш порази како тие од Кадис и Гетафе. Целата ситуација во клубот е многу комплицирана, нема финансиска сигурност, чекаме нов претседател… Целата ситуација негативно се одразува на тимот и на резултатите“, заклучи Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…