Дома Фудбал Куман официјално се враќа на чело на Холандија

Куман официјално се враќа на чело на Холандија

Роналд Куман по Светското првенство во Катар ќе се врати на селекторската функција во националниот тим на Холандија.

Функцијата, Куман ќе ја преземе од Луј Ван Гал, кој пред неколу дена објави дека боледува од рак на простата.

Фудбалската Федерација во оваа земја денес потврди дека Куман ќе ја преземе репрезентацијата од 1 јануари 2023 година.

Куман е без работа, откако доби отказ во Барселона. Токму од позицијата селектор на Холандија, Куман се пресели на „Ноу Камп“ и ги предводеше „лалињата“ од 2018 до 2020 година. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Без бод пред последниот меч: Седлоски бара напад и реакција против Словенија

Македонија утре ја затвора дебитантската кампања во Б-дивизијата, а Седлоски бара поголема…