Дома Топ вести Куман не го сака Агуеро, бара друг напаѓач

Куман не го сака Агуеро, бара друг напаѓач

Тренерот на Барселона, Роналд Куман нема желба во тимот да го има Серхио Агуеро за следната сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Агуеро вчера официјално објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити, а Барселона важи како фаворит за неговиот потпис.

Агуеро е голем пријател на Лео Меси, па новото раководство сака да го донесе на „Камп Ноу“ за да го задржи својот капитен.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Куман претпочита да му биде донесе Мемфис Депај, кој исто така на крајот на сезоната ќе биде слободена агент. Тој смета дека Холанѓанецот ќе биде покорисен во неговиот систем  на игра.

Сепак, раководството преферира ангажман на Агуеро и поради тоа ги прекина преговорите со Депај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…