Тренерот на Барселона, Роналд Куман пред утрешниот натпревар со Јувентус во Лигата на шампиони изјави дека го сака првото место во групата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Куман откри дека нема да може да смета на Фати, Пике и Дембеле, но изјави дека го сака првото место во групата и ќе оди на победа.
Холандскиот стратег зборуваше за дуелот помеѓу Меси и Роналдо и одби да го нарече Аргентинецот подобар од Португалецот.
„Затоа, сметам дека не е убаво да се каже кој е подобар, двајцата се неверојатно добри и двајцата многу ги почитувам за тоа што го понудија во светот. фантастично е што овие двајца играчи се толку долги години на врвот, тие се најдобри играчи во последните 15 години. Двајцата играчи се многу различни, не може да се каже кој е подобар“, изјави Куман, кој потоа истакна дека би сакал Де Лихт да играше во Барселона.
„Го познавам добро Де Лихт, иако е млад има големо искуство. Може да стане најдобар во светот, штета што игра за Јувентус, а не за Барселона“.