Дома Фудбал Репрезентации Куман му одговори на Гризман: Не можеме да играме со 10 играчи на иста позиција

Куман му одговори на Гризман: Не можеме да играме со 10 играчи на иста позиција

Aнтоан Гризман предизвика бура во Барселона после натпреварот против Хрватска во кој беше еден од најдобрите.

Гризман својот добар настап го опиша со зборовите дека Дешамп добро знае каде треба да игра. Со тоа алудираше дека многу повеќе му одговара да игра во средина зад најистурениот напаѓач отколку странично како што е случај во Барселона.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Секој има право да каже што сака. Знаеме дека такви работи може да се случат. Разговарав со Антоан вчера попладне, но не за она што го кажал. Разговаравме за положбата и учинокот како играч. Му кажав дека јас само го барам најдоброто за тимот и мислам дека неговата вистинска позиција на десната страна со слобода во играта бидејќи тој не игра крило. Тој игра многу повеќе внатре. На крајот јас одлучувам што е најдобро за тимот и од секој играч треба да го извлечам максимумот.

Куман додаде дека Гризман треба да се прилагоди на играње во формацијата 4-4-2.

„Не морате толку да зборувате за одредени играчи. Ни еден играч не може да се споредува содруг. За мене не тука не постои тема. Немам проблем со Антоан. Мојата работа како што кажав е да го извлечам максимумот од секој, играчите ги поставувам онаму каде што мислам дека треба да играат. Гризман е левак и може да игра по страна, може да одговори на таа позиција. Не можеме да играме со 10 играчи на иста позиција“, порача Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…