Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман веќе сериозно планира реконструкција на тимот на Каталонците.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Холанѓанецот веќе имал разговор со четворица фудбалери за да им соопшти дека нема да смета на нив во следната сезона и слободно можат да си бараат нови клубови.
Уште вчера стана јасно дека еден од нив е Луис Суарез, а деталите од разговорот може да ги видете ОВДЕ.
Другите тројца се Артуро Видал , Иван Ракитиќ и Самуел Умтити. Ако не успеат да најдат нови клубови, Барселона е спремна спогодбено да ги раскине договорите.
Жерер Пике, Жорди Алба и Серхио Бускетс за кои медиумите шпекулираа дека исто така ќе заминат, сигурно ќе останат во тимот. Куман смета дека тие се важни како на теренот, така и во соблекувалната.