Барселона ја очекува голема реконструкција на тимот ова лето, а медиумите тврдат дека неколку ѕвезди ќе го напуштат „Камп Ноу“.
Еден од нив е и Луис Суарез за кого сериозен интерес покажува Ајакс, кој е спремен да плати 15 милиони евра за неговиот потпис.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Новиот тренер на Барса, Роналд Куман денес беше запрашан од холандските медиуми за ситуацијата околу Суарез.
„Ако тоа ве направи среќни вас и Ајакс, тогаш ќе го ослободам“, се пошегува Куман со новинарите.
Суарез беше член на Ајакс од 2007 до 2011 година, каде и ја доживеа својата фудбалска афирмација.