Дома Фудбал Куман: Дали ќе останам во Барселона? Ќе видиме, новиот претседател ќе одлучи

Куман: Дали ќе останам во Барселона? Ќе видиме, новиот претседател ќе одлучи

Барселона наскоро ќе добие нов претседател, а како се ближат изборите се повеќе се шпекулира за иднината на Роналд Куман во славниот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во последно време шпанските медиуми пишуваат дека Куман ќе замине од Барселона после претседателските избори, а за тоа денеска зборуваше и самиот тренер.

Тој истакна дека не е загрижен поради тие шпекулации и дека мисли само на следниот натпревар.

„Навивачите и медиумите се заинтересирани за создавање контроверзии. Најважно ми е да не се грижам поради тоа и да се концентрирам на следниот натпревар. Не ме нервира кога слушам имиња како Чави и други тренери.“ – рече Куман.

„Новиот претседател ќе биде избран овој викенд, па тој ќе донесе одлука. Ќе зборуваме. Ми се здосади од овие прашања. Важно е Барселона да има претседател, бидејќи тоа е најголемиот клуб на светот. Тоа е важно за мојата иднина и за иднината на тимот.“ – додаде Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За скандалозната прослава на Вардар се огласи и ФФМ – ќе биде отворена постапка!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично одне…