Дома Фудбал Куман го обвини Лапорта за Вајналдум

Куман го обвини Лапорта за Вајналдум

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман го обвини претседателот Лапорта за пропаднатиот трансфер на Вајналдум.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Куман, претседателот на Барселона е виновен што на „Камп Ноу“ не пристигнал Жоржинио Вајналдум.

„Точно е дека направив се за да го доведам Вајналдум, но договорот пропадна затоа што претседателот повеќе се грижеше да ме изнервира отколку да го доведе играчот. Токму неговото однесување ја одложи операцијата и затоа тој го избра Пари Сен Жермен. Да не беше одолговлекувањето на Лапорта, Вајналдум ќе завршеше во Барселона“, изјави Куман.

Куман ја презеде Барселона во август 2020 година, а беше отпуштен во ноември 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…