Дома Фудбал Куман: Ако јас ја имав чантата со парите, Меси се уште ќе беше тука

Куман: Ако јас ја имав чантата со парите, Меси се уште ќе беше тука

Тренерот на Барселона, Роналд Куман знае дека неговата позиција во клубот е многу несигурна и дека е можно наскоро да добие отказ.

Медиумите тврдат дека утрешното дерби со Атлетико Мадрид ќе биде последна можност да си го спаси работното место.

„Во моментов тимот нема баланс. Имаме многу играчи во напад, а ни недостасува ефикасност. Атлетико е способен да испрати еден шут во голот на противникот, да постигне гол и така да го добие натпреварот“, изјави Куман.

„Најлош мој момент во клубот беше кога Меси си замина. Не знам дали нов тренер ќе извади повеќе од играчите. Ако јас ја имав чантата со парите, Меси се уште ќе беше тука. Притоа, ќе доведев и други играчи за да играме доминантен фудбал“, изјави Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЦСКА доби дом од 45 милиони евра, но на отворањето недостигаа голови

Обновениот стадион „Бугарска армија“ ги исполнува условите за четвртата категорија на УЕФА…