Екипата на Рад од Белград до пред 9-10 години беше стабилен српски прволигаш и во 2015 година играше четвртфинале во Купот на Србија, а сезоната ја заврши на шестата позиција.
Но во 2021 година полека започна падот на клбуот, тогаш испаднаа во втората српска лига. Првата сезона во второлигашкото друштво ја завршија како 11-ти на табелата, но веќе во втората беа последни и испаднаа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во третата лига играа само една сезона, но не се вратија во втора, место тоа дојдоа до зонската лига, четврто по ранг натпреварување во Србија.
И сезонава играат тука, а започнаа катастрофално. По првите четири кола имаа гол-разлика од 0:29, а губеа со 3:0, 8:0, 11:0 и 7:0.
Во целата приказна има и позитивна точка, а тоа се навивачите кои и во ваква ситуација во сосема солидна бројка се на трибините во секој натпревар и навиваат за својот клуб.