Дома Фудбал Кулибали: Јувентус се исплаши, го почуствав тоа

Кулибали: Јувентус се исплаши, го почуствав тоа

Сенегалскиот дефанзивец испраќа „отровни стрели“ кон „старата дама“.

Фудбалерот на Наполи, Калид Кулибали тврди дека минатата сезона за прв пат почуствувал страв кај Јувентус во натпреварот против неговиот тим.

Наполитанците тогаш беа многу блиску да ја симната „старата дама“ од тронот, дури благодарение на Кулибали и славеа во дербито во Торино, но Јувентус на крајот сепак ја одбрани титулата.

„Минатата година верував до самиот крај во трката за Скудетото, бидејќи почуствував и дека Јувентус се исплаши. Да бидам искрен, тој нивни страв ми донесе чуство на задоволство. Ми се допадна“, изјави Кулибали, па се потсети на неговиот гол во дербито.

„Бев тогаш многу среќен. Имам огромна желба да освојам нешто со Наполи бидејќи овој град и навивачите му пружија толку многу љубов и веруваа во мене. Сакам да им вратам на некој начин и се надевам дека тоа ќе биде со Скудето“, истакна стоперот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…