Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кулибали го однесе Сенегал во осминафинае🎥

Кулибали го однесе Сенегал во осминафинае🎥

Еквадор и Сенегал одиграа одличен натпревар кој беше одлучувачки за пласман во нокаут фазата.

Сегенал подобро го отвори натпреварот и ја имаше првата голема шанса уште во втората минута, но Идриса Геј промаши од чиста ситуација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На крајот на првото полувреме добрата игра на Сенегал даде резултат Сар беше фаулиран во казнетиот простор, судијата покажа на белата точка, а истиот играч погоди за 1:0.

Во вториот дел Еквадор се обидуваше да дојде до реми, резултат кој го води во следната фаза. До израмнување стигна во 67-та минута преку Каиседо, кој остана сам на втората статива.

Меѓутоа, само две минути подоцна Калиду Кулибали го постигна својот прв гол во репрезентацијата, откако најдобро се снајде во мешаницата и повторно го донесе Сенегал во водство 1:2.

До крајот Еквадор нападна со сите сили, но не успеа да дојде до гол за израмнување и заврши на третото место во групата.

Холандија без поголеми проблеми славеше над Катар и го освои првото место во групата. Коди Гакпо со својот трет гол на Мундијалот донесе предност во првото полувреме. Во вториот дел погоди Де Јонг за водство од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Крај на сезоната за Енцо Фернандез!

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез ќе отсуствува до крајот на сезоната по…