Дома Фудбал Останато Кулибали: Афричките фудбалери мораат да направат двојно повеќе за да ја освојат Златната топка

Кулибали: Афричките фудбалери мораат да направат двојно повеќе за да ја освојат Златната топка

Минататан едела „Франс Фудбал“ ја објави листата од 30 фудбалери кои ќе бидат во трката за Златната топка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од оние кои не се најде на списокот е голманот на Челзи, Едуард Менди. Ќе потсетиме Челзи ја освои Лигата на шампионите, а голманот на „сините“ ја зачува мрежата недопрена на дури девет од 12 натпревари во текот на турнирот, вклучувајќи го и финалето. Со добрата форма продолжи и оваа сезона.

Неговиот соиграч од репрезентацијата Калид Кулибали е разочаран што Менди е изоставен од списокот.

„Навистина е штета што Едуард не е на листата. Тој е првиот афрички голман кој ја освои Лигата на шампионите. Мораме да продолжиме да се бориме и да напредуваме. Очигледно афричките фудбалери треба да направат двојно повеќе од белците за да ги остварат истите цели“, изјави Кулибали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Повторно се враќа Конор Мекгрегор: УФЦ објави извонредна вест и закажа борба на годината (Фото)

Најпопуларниот MMA борец на денешницата, Конор Мекгрегор, конечно се враќа во октагонот по…