Екипата на Металург славеше над Војводина со 30:26 во рамки на СЕХА регионалната лига.
Но, она на што се осврна јавноста по натпреварот беше контроверзната изјава на Филип Кузмановски кој говореше во името на целиот состав, кој нагласи дека раководството има рок од три дена да ги подмири финансиските долгови кон нив.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Она што се очекуваше ние го остваривме. Но, ова повеќе не оди вака. За 4-5 месеци имаме добиено само една плата. Затоа бараме одговор од клубот, дали ќе го реши овој проблем или да бараме решение. Ние даваме рок до среда, а потоа сопственикот нека одлучи што ќе се случи понатаму“, истакна Кузмановски по денешниот меч.
Останува управата да даде одговор, по што ќе биде познато, дали и покрај сиот труд да се вратат на победничките патеки, тимот од Автокомадна кој несомнено е дел од ракометната историја на Македонија ќе згасне.