Фудбалерите на Вест Хем се пласираа во четврт-финалето на Лига Европа откако убедливо славеа против Фрајбург во реваншот од осминафиналето и го надополнија поразот од 0:1 од првиот натпревар. Вест Хем победи со 5:0 како домаќин, а голот што се издвојува од тој натпревар е првиот од двата постигнати на Мохамед Кудус.
Се играше 77. минута кога напаѓачот на Вест Хем ја прими топката на половината од теренот на својот тим. Потоа следеше спринт во кој ги остави зад себе ривалите, пред да постигне гол за зголемување на водството на 4:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По одличниот гол следуваше неговото вообичаено славје. Кудус отиде до еден од обезбедувањето покрај теренот, и од него зеде мало столче. Го постави пред присутните и седна на него да се одмори.
Ваквата прослава на гол стана заштитен знак на Кудус, а во една прилика објасни како дошло до идејата. Тоа нема некое посебно значење, рече во изјава за клубската страница.
Првиот пат кога прослави така само сакаше да се одмори и да земе длабок здив.
Mo Kudus amazing run solo goal 🔥🇬🇭
— Tony Lithur 🇫🇷🇬🇭💫 (@kinglithur) March 15, 2024
scored with his right foot. What a Player!
pic.twitter.com/TJkpCrFk3x