Ова лето многумина беа изненадени со доведувањето на Артур Кугис во Вардар, навивачите очекуваа звучно засилување на голманската позиција, но на крајот беше доведен сонародникот на Данис Криштопанс.
Кугис се подготвува за настапот со Латвија на ЕП, а сега за медиумите во неговата земја откри како дошло до трансферот во Вардар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Немав менаџер, но после натпреварот против Словенија во квалификациите ме контактираа неколку. Ми беше понуден трансфер во Скандинавија (Норвешка, Данска, Шведска), Полска, Германија, Франција…Но понуда од европски шампион се добива еднаш, втор пат нема да имате таква шанса. Освен тоа Даинис веќе беше тука, разговарав со најблиските и го избрав Вардар и покрај тоа што имав двојно финансиски подобри понуди“, изјави Кугис.
Во Вардар Кугис немаше добар прв дел од сезоната и често пати беше критикуван од навивачите.