Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос сè уште не го реши прашањето за неговата иднина бидејќи договорот со шпанскиот гигант му трае до следното лето, а во медиумите се појавија шпекулации дека неговиот потпис сака да го обезбеди англискиот шампион Манчестер сити.
„Дефенса сентрал“ објави дека 32-годишниот Крос сака да остане во Реал Мадрид, кој засега не му нуди нова соработка. Па дури и да не добие нов договор, Германецот не сака да се пресели во друг тим, односно ќе замине во пензија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Крос попрво би заминал во пензија отколку да ги прифати милионите на Манчестер сити, таков е ставот на Германецот во моментов.
Германецот играше во Баерн Минхен пред да се пресели во Реал Мадрид за 40 милиони евра во 2014 година.