Тони Крос со години е еден од најважните играчи на Реал Мадрид, но на лето би можел да го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми.
Актуелниот договор на Крос со Реал Мадрид истекува во јуни 2023 година, а според информациите „кралевите“ му понудиле продолжување на уште една година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
32-годишниот Германец е незадоволен од понудата и побарал нов двегодишен договор, нешто на што Реал не сака да се согласи.
Поради тоа големи се шансите Реал на лето да го продаде Крос бидејќи влегува во последната година од договорот.
Најсилен интерес за Германецот покажува Јувентус, кој наскоро ќе испрати понуда до Реал Мадрид.