Дома Фудбал Лига на шампиони Крос: Луѓето брзо забораваат, она што ние го направивме во ЛШ никој повеќе нема да го повтори

Крос: Луѓето брзо забораваат, она што ние го направивме во ЛШ никој повеќе нема да го повтори

Реал Мадрид синоќа беше поразен од Ајакс со 4:1 во возвратниот натпревар од осмина финалето во ЛШ.

Реал така остана и без последните шанси да стигне барем до еден трофеј оваа сезона и барем малку да го ублажи незадоволството кај навивачите, кое е огромно оваа сезона со оглед на играта која ја прикажува кралскиот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот од Мадрид претходната недела беше поразен од Барселона на својот стадион во Кралскиот куп со 3:0 и испадна од ова натпреварување.

После тоа следеше уште едно Ел Класико, овој пат во Примера, а Барселона повторно славеше на Сантијаго Бернабеу, а резултатот овој пат беше 1:0, што значи дека Реал практично и во лигата ги загуби шансите да стигне до насловот.

Така, Реал оваа сезона ќе ја заврши без трофеј, а играчот на тимот од Мадрид, Тони Крос во изјава по натпреварот со Ајакс даде свое мислење за целата оваа ситуација.

„Имаме добра екипа и тоа го покажавме во некои делови од сезоната, но да бидам искрен не игравме константно добро.“ – рече Крос.

„Оваа недела загубивме се, секоја прилика да освоиме барем еден трофеј и тоа е тешко да се прифати. Според мое мислење, луѓето брзо заборавија што се случи во минатото, кога екипата три пати по ред ја освои ЛШ и веднаш ќе ви кажам дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори.“ – додаде играчот на Реал.

„Му честитам на Ајакс, беа подобар тим, а ние мора да ја одработиме сезоната сериозно до крај, а потоа ќе се припремаме за наредната сезона. И натаму мислам дека овие играчи имаат квалитет, но оваа сезона ниту еден играч не играше константно добро.“ – заклучи Крос.

На Реал сега му останува да се обиде да дојде до второто место во Ла Лига, кое го држи Атлетико Мадрид иако тоа во основа нема да им значи ништо бидејќи и двата тима ќе обезбедат пласман во ЛШ следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Потврдено: Дејвид Мојс заминува од Вест Хем

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од с…