Дома Фудбал Крос искрен: Не заслуживме пласман во четвртфинале

Крос искрен: Не заслуживме пласман во четвртфинале

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони, откако го елиминира Лајпциг.

„Кралевите“ синоќа одиграа многу лош натпревар против Лајпциг и имаа среќа што не загубија, па со резултат 1:1 им беше доволен за пласман.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти посочи дека неговите избраници одиграле лош меч, а тоа го потврди и искусниот германски фудбалер Тони Крос.

„Лајпциг одигра одличен натпревар, се бранеше добро и имаше опасни контра-напади. Знаевме дека може да бидат опасни, но ние не бевме доволно добри. Резултатот е една работа, додека реалноста е соседма друга. Не одигравме добро за да кажам дека заслуживме пласман во четвртфинале на Лигата на шампиони“, изјави Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Милан избра нов тренер

Хулен Лопетеги би требало да биде тренер на Милан од следната сезона, пренесува „Газета де…