Дома Фудбал Останато Крос до Салах и Карвахал: Се најдобро, се надевам ќе се видиме на Светското првенство

Крос до Салах и Карвахал: Се најдобро, се надевам ќе се видиме на Светското првенство

Германскиот репрезентативец, Тони Крос покажа човечка големина после вчерашното финале од Лигата на шампионите.

Иако беше многу среќен бидејќи со Реал Мадрид уште еднаш ја освои Европа, мислите на Крос по натпреварот беа насочени кон оние на кои им беше најтешки – Дани Карвахал и Мохамед Салах.

„Не сакам да заборавам да им посакам среќа на моите пријатели Дани Карвахал и Мохамед Салах, брзо опоравете се. Се надевам дека ќе се видиме на Светското првенство“, напиша Крос на својот Твитер профил.

Да потсетиме, првите информации за Салах се дека ќе биде спремен за две недели и дека тогаш ќе започне со тренинзите, додека за повредата на Карвахал се уште нема информации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…