Дома Трансфер зона Крос, Бејл и Фабрегас биле блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Крос, Бејл и Фабрегас биле блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Дејвид Мојс требаше да биде достоен наследник на Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед, но освен што седна на клупата на истото место како и неговиот сонародник, ништо друго не го направи негов наследник.

Шкотскиот стратег многу брзо го напушти „Олд Трафорд“, после само десет месеци. Никој не беше задоволен од неговите резултати и брзо се покажа дека Манчестер Јунајтед е преголем „залак“ за поранешниот тренер на Евертон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овие денови Мојс зборуваше за за тоа како сакал во Манчестер да го доведе Герет Бејл, но и уште неколку играчи во текот на преодниот рок.

„Понудивме многу пари, повеќе од Реал. Се обидовме да го убедиме, имавме спремен хеликоптер“, се потсети Мојс за телевизијата „беИН“ и продолжи:

Сеск Фабрегас исто така беше блиску. Односно разговарав со него и се обидов да го доведам од Барселона. Се видов и со Тони Крос во текот на сезоната. Се беше договорено, требаше да дојде во Манчестер Јунајтед, но тогаш јас ја изгубив работата, а Крос премина во Реал Мадрид“, додаде Мојс и истакна дека за ништо не жали.

Од сите тие имиња Мојс мораше да се задоволи со Маруан Фелаини кој беше негово прво засилување на клупата на „црвените ѓаволи“. Кој знае ако имал малку повеќе успех со трансфер политиката можеби денес и не би го паметеле како еден од најлошите менаџери на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…