Дома Фудбал Останато Критичарите: Најлошиот судија од Мундијалот ќе го суди финалето!

Критичарите: Најлошиот судија од Мундијалот ќе го суди финалето!

mazic

Милорад Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампионите на 26 мај во кое ќе играат Ливерпул и Реал Мадрид.

И додека медиумите во соседството го фалат и се гордеат тоа што Мажиќ доби огромна чест се појавија и критичари кои тврдат дека најлошиот судија од минатиот Мундијал е избран да го суди финалето.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Критичарите потсетуваат на натпреварот на Мундијалот во 2014 година помеѓу Германија и Португалија кога Мажиќ во 37 минута го исклучи дефанзивецот Пепе поради провоцирање на Томас Милер, после што Германците славеа со убедливи 4:0.

Многу прашина се подигна околу таа одлука на Мажиќ, а одредни навивачки анкети го прогласија за најлош судија на Мундијал во 2014 година. Се потсетува дека Мажиќ на неславната анкета добил дури 80.000 гласови.

На сето тоа како уште еден „минус“ на Мажиќ се наведува тоа што оваа сезона тој судел само четири натпревари во Лигата на шампионите и тоа сите во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…