Дома Фудбал Англија Критики за Погба: Негова најдобра позиција сега е клупата за резерви

Критики за Погба: Негова најдобра позиција сега е клупата за резерви

Франк Лебеф, поранешен стопер на Челзи испрати критики до неговиот сонародник од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Манчестер Јунајтед вчера доживеа пораз од Арсенал во дербито со минимални 0:1. Пол Погба за првпат беше стартер после 4. октомври и не се прослави. Токму тој го направи пеналот после кој Обамејанг го реши дербито.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Не можам да ја објаснам играта на Јунајтед. Видовме голема победа против Лајцпиг, но она што го видовме во Премиер лигата не е доволно, нивото на игра е аларматно лошо. Беше чудно да се види формацијата во средината во која Погба играше на крилната позиција. Солскјер знае што прави, но мислам дека најдобра позиција за Погба во овој момент е клупата за резерви“, изјави Лебеф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…