Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Горан Шпрем нема позитивно мислење за тренерските квалитети на Веселин Вујовиќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпрем смета дека Вујовиќ кој своевремено беше најдобар светски ракометар воопшто не е толку добар тренер како што го сметаат.
„Вујовиќ беше најдобар играч во светот, за тоа му симнувам капа. Меѓутоа не сакам да зборувам многу за неговите тренерски квалитети. Моето субјективно мислење е дека тој маргинален лик во хрватскиот ракомет. Имаше разни луѓе. Не ги заслужи тие тренерски улоги и за мене неговите тренерски квалитети се еднакви на нула“, изјави Шрем.
Вујовиќ како тренер работи повеќе од 20 години, а последниот поголем успех го имаше во 2017 година кога ја одведе Словенија до 3. место на Светското првенство.