Дома Фудбал Англија Критики за Алиоски: Тој не е играч за Премиер лигата

Критики за Алиоски: Тој не е играч за Премиер лигата

Во последно време македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски добива голема доверба од Марсело Биелса и често беше во стартниот тим на Лидс.

На стартот од Премиер лигата Алиоски беше резерва, но во последните натпревари речиси на секој беше стартер. Во овој период се актуелни и најавите за нов договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Англија, Дени Милс смета дека Алиоски е играч за Чемпионшип. Според него ако Лидс пронајде подобро решение на трансфер пазарот нема да го продолжи договорот со Македонецот.

„Алиоски не е играч за Премиер лигата, тој е квалитет за Чемпионшип и никогаш немаше сигурно место. Ако Лидс пронајде не толку скапо решение веројатно нема да му го продолжи договорот“, смета Милс.

Ќе потсетиме, неодамна Алиоски истакна дека посакува да остане во Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …