Дома Останати Ракомет Двоецот од Вардар се спои во Париз: Кристопанс едвај чека пак да игра за Раул!

Двоецот од Вардар се спои во Париз: Кристопанс едвај чека пак да игра за Раул!

Даинис Кристопанс на почетокот на оваа година после две ипол сезони си замина од Вардар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Краток период беше во Фуксе Берлин, за потоа да се пресели во ПСЖ, трансфер кој беше претходно договорен. 

Летонецот пред само неколку дена го одработи првиот тренинг во ПСЖ, а тогаш и ја имаше прва средба со Раул Гонзалес со кого заедно соработуваа во Вардар. Кристопанс во изјава за клупската страна на ПСЖ истакна дека е многу среќен што повторно ќе игра за Раул.

„Раул за мене е еден од најдобрите тренери и едвај чекам да го облечам дресот и да заиграм за него. Долго време се без натпревари и сите сакаме што побрзо да се вратиме на редовните обврски“, изјави Кристопанс.

Кристопанс со Вардар ја освои Лигата на шампионите, додека за Фуксе Берлин одигра само пет натпревари и во нив имаше учинок од 28 гола и 18 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Капитенот останува во Битола: Кузмановски го продолжи договорот со Пелистер

Филип Кузмановски ќе остане дел од Пелистер и во наредната сезона, откако постигна договор…