Шкупи ангажира големо засилување за новата сезона и денес официјално го промовираше Кристијан Тошевски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот дефанзивец се враќа во Македонија по епизодата во албанска Тирана каде настапуваше од 2020 година.
Тој потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување за уште една сезона.
„Драго ми е што се враќам во домашното првенство и ќе играм за Шкупи. Се надевам дека ќе ги оствариме високите цели на нашиот сопственик, а тоа е да ја вратиме титулата на Чаир и да влеземе во групите од Конференциската лига“, изјави Тошевски.