Денес Македонија Ѓорче Петров го промовираше својот нов/стар играч.
Кристијан Стојкоски се враќа во матичниот клуб после епизодите во Шкупи, Академија Пандев и Работнички. Во пролетниот дел се очекува да биде големо засилување за „лавовите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На официјалната страна на клубот од Ѓорче трансферот беше потврден со: „Дома си онаму каде што ти е срцето. Добредојде Кристијан Стојкоски“.
Стојкоски беше дел од младинските категории на „лавовите“, потоа една полусезона одигра во Тетекс, за да се врати во Ѓорче и да помине пет години.