Дома Фудбал Германија Кристијан Ериксен се сели во Германија?

Кристијан Ериксен се сели во Германија?

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен би можел да ја напушти Италија веќе во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ериксен премина во Интер од Тотенхем, но се помалку игра кај Антонио Конте и не е исклучено да дојде до трансфер веќе во јануарскиот преоден рок.

Германската екипа Борусија Дортмунд ја разгледува можноста за позајмица на данскиот репрезентативец. Овој клуб и претходно сакаше да го донесе Ериксен, а сега е подготвен да го искористи неговото незадоволство во Италија.

28-годишниот Ериксен имаше само три настапи во стартниот состав оваа сезона и најчесто добива шанса од клупата.

Се поврзува и со некои англиски клубови, но веројатно ќе се пресели во Германија како позајмен играч на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…