Дома Фудбал Кристијано Роналдо објасни зошто веќе не дрибла на натпреварите

Кристијано Роналдо објасни зошто веќе не дрибла на натпреварите

Кристијано Роналдо беше вистинска сензација во светот на фудбалот кога се појави во дресот на Манчестер Јунајтед.

Португалецот беше освежување за фудбалската сцена во тоа време, и веднаш покажа дека се работи за неверојатно талентиран фудбалер. Роналдо обожаваше на натпреварите да се забавува со дриблинзите по кои беше познат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, во претходните неколку години скоро и да не можеме да видиме ситуација на натпревар кога Роналдо ја земе топката и одлучи малку да се забавува со противничките фудбалери.

Многу негови фанови го прашуваат зошто веќе не дрибла на натпреварите. Сега Роналдо одлучи да објазни зошто престана тоа да го работи.

„Фудбалот го гледам како мисија. Излегувам на теренот, победувам и ја правам екипата и себеси подобри. Моментите кога излегував на теренот и зборував дека ќе дриблам и ќе се забавувам се минато. Искрен да бидам повеќе немам потреба за тоа. Сега целта ми е само да победам и го гледам најлесниот начин да дојдам до тоа.“ – изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…