Капитенот на Наполи кариерата ќе ја продолжи во Кина и веќе стави потпис на 3-годишен договор со Далиан Јафинг.
Хамшик после цели 12 години ќе го напушти Наполи бидејќи не можеше да ја одбие богатата понуда од Кина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Словакот во Далиан ќе заработува 9 милиони евра по сезона, а Наполи за неговиот потпис ќе добие 20 милиони евра.
„Хамшик покажа беспрекорен професионализам во Наполи, имајќи извонреден однос со сите тренери со кои работеше, никогаш не предаде никого, дури и во најтешките моменти. Покажа зрелост и скромност во сите овие години, па кога дојде и најискрено замоли да му биде дозволено да замине во Кина, не можев да го одбијам“, изјави претседателот на Наполи, Де Лаурентис.