Францускиот репрезентативец Кристофер Нкунку стави потпис на нов договор со Лајпциг и се обврза на верност до 2026 година.
Нкунку одигра фантастична сезона и беше избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата, па беше мета на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи, Арсенал и Милан покажуваа сериозен интерес, но Нкунку сепак реши да остане во Лајпциг.
Германскиот клуб успеа да го убеди Французинот да стави потпис до 2026 година со двојно зголемување на платата, но Нкунку инсистираше во договорот да има откупна клаузула.
Медиумите откриваат дека од следното лето Нкунку во договорот ќе има откупна клаузула и ќе може да замине за 60 милиони евра.
Нкунку е дете на ПСЖ, а оваа сезона блесна во Лајпциг каде постигна 35 гола и 19 асистенции.
Greetings from Paris 👋💌
— RB Leipzig English 🏆 (@RBLeipzig_EN) June 23, 2022
🔴⚪ #WeAreLeipzig @c_nk97 pic.twitter.com/tIApbnNPWd