Дома Фудбал Крај на сезоната за Марко Верати

Крај на сезоната за Марко Верати

Бразилецот Нејмар веќе подолго време е надвор од терените и за него сезоната е завршена, а сега му се придружи и уште еден негов соиграч.

Фудбалерот за врска, Марко Верати после операцијата на тетивата на ногата ја заврши сезоната, соопштија денес од францускиот клуб.

Во соопштението на ПСЖ се наведува дека операцијата поминала во најдобар ред и дека направена во одличен момент со цел Верати да биде спремен за почетокот на наредната сезона.

Репрезентацијата на Италија не се пласираше на Светското првенство, па Верати ќе има повеќе време за одмор и опоравување.

Оваа сезона тој настапи на 22 првенствени натпревари, а последен пат беше на теренот во финалето од Лига купот на 31 март кога ПСЖ убедливо го совлада Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…