Дома Топ вести Крај на сагата: Сити и Челзи се договориле за Ковачиќ!

Крај на сагата: Сити и Челзи се договориле за Ковачиќ!

Матео Ковачиќ ќе биде нов фудбалер на Манчестер Сити, потврди Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со своето познато „Here we go“, Романо објави дека Сити и Челзи постигнале договор за оштета која ќе изнесува 35 милиони евра, а дополнителни пет ќе се исплатат преку бонуси во случај на освоена титула.

Хрватот е во последната година од договорот со Челзи и сакаше да замине, па така клубот беше приморан да го продаде за да заработи од оштетата.

Доаѓањето на Хрватот на „Етихад“ може да значи и дефинитивно заминување на Илкај Гундоган. Германецот во претходниот период најмногу се поврзуваше со Барселона, но во игра беше и Милан.

Се тврдеше и дека Гундоган има договор со Барселона, Чави неколку пати лично го контактираше, но потоа Сити ја зголеми понудата за тој да остане, меѓутоа се уште ништо не е познато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…