Дома Трансфер зона Крај на сагата: Дембеле пристигна на потпис

Крај на сагата: Дембеле пристигна на потпис

Крај на сагата со Осман Дембеле, Французинот изминатата вечер пристигна на потпис на нов договор со Барселона.

Дембеле без клуб е околу две недели откако му истече договорот со Барселона. Трпеливо чекаше понуди од други клубови, а на крајот ја донесе својата одлука. Понудата до Дембеле од Барселона беше од почетокот испратена, меѓутоа тој и неговиот агент беа во потрага по друга средина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак поради високите барања кои никој не сакаше да му ги исполни ја прифати понудата од Каталонците. Денес ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор на две години со Барселона според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…