Дома Трансфер зона Крај на една ГОЛЕМА одисеја: Легендата по 10 години го напушта Ливерпул !

Крај на една ГОЛЕМА одисеја: Легендата по 10 години го напушта Ливерпул !

Според неофицијални информации од турските медиуми, Бешикташ испратил понуда до Ливерпул за нивниот искусен играч, Лукас Леива.

Се очекува Бразилецот наскоро да ја заврши 10-годишната епизода на „Енфилд“, додека повеќе европски клубови се заинтересирани за неговите услуги.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Според информациите од турскиот фанатик, Бешикташ веќе ги започнал преговорите за Леива да го донесе во Турција, а Бразилецот, бара плата од 4,2 милиони фунти по сезона. Изгледа дека турскиот гигант е подготвен да му го понуди овој износ на Леива, а дополнителен мотив за Леива да стане член на Бешикташ е тоа што турскиот клуб ќе игра во Лигата на Шампионите следната сезона.

Лукас Леива е играчот со најдолг стаж во Ливерпул, но сега неговиот договор е пред истекување, а со оглед на тоа дека Бешикташ е еден од ретките клубови кој е подготен да му ги плаќа високите примања кои ги бара, големи се шансите следната сезона Леива да го видиме во Супер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …