Ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид е при крај. Извесно е дека легендарниот хрватски играч за врска нема да го продолжи договорот со Кралевите, а медиумите во Шпанија објавија дека Модриќ веќе во јули следната година ќе замине во Саудиска Арабија.
Шпанскиот портал специјализиран за трансфери „Todofichajes“ отиде чекор подалеку и тврди дека Лука Модриќ се договорил за соработка со Ал Наср.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Пред неколку недели Модриќ им кажа на челниците на Реал дека заминува. Имаше интересна понуда од Интер Мајами, но улогата на Кристијано Роналдо одлучи.
Португалецот беше во постојан контакт со него, а Лука го увери дека ќе му се придружи во Ал Наср“, пишуваат шпанските медиуми.
Се уште не се познати деталите од договорот на Модриќ со Саудијците, но Шпанците шпекулираат дека хрватскиот репрезентативец ќе заработува околу 30.000.000 евра годишно.
Наводно постоела опција Ал Наср да го купи Лука Модриќ веќе во јануари, но хрватскиот репрезентативец ја одбил таквата можност во договор со Реал. Причина се бројните повреди кои му прават проблем на Карло Анчелоти, поради кои Лука не сака да го остави тимот на цедило.
Во текот на кариерата во Реал Мадрид, Лука Модриќ одигра 508 натпревари, постигна 38 голови и запиша дури 80 асистенции.