Дома Фудбал Крај на шпекулациите: Компани донесе конечна одлука за својата иднина!

Крај на шпекулациите: Компани донесе конечна одлука за својата иднина!

Винсент Компани останува на клупата на Барнли иако се поврзуваше со ангажман во Тотенхем, дека нема да ја промени средината стана јасно откако потпиша нов договор со повратникот во англиската елита.

Новиот договор на белгискиот стратег е со важност од пет години. За многумина тој е најзаслужниот што тимот каде што настапува Македонецот Дарко Чурлинов се врати во Премиер лигата.

За клупскиот сајт на Барнли Компани веќе ја даде првата изјава по потпишувањето на договорот.

„Од самиот почеток се чувствував добро во Барнли и сметам дека е вистинско време да потпишам на пет години. Заедно со навивачите „Турф Мур“ повторно го претворивме во тврдина. Продолжуваме напред и работиме за доброто на Барнли“, изјави Компани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тивкиот борец на Форест го покажа вистинското лице против Сити

Ксавер Шлагер не е најатрактивното име во средниот ред, но победата од 3-1 над Манчестер с…