Дома Фудбал Останато Крауч за Просинечки: Не пушеше црвено Марлборо само кога играше

Крауч за Просинечки: Не пушеше црвено Марлборо само кога играше

На постарите фудбалски фанови добро познато им е каков живот водеше во текот на неговата кариера.

Просинечки направи голема кариера и покрај тоа што цигарите беа негова голема зависност, а покрај тоа и не бил голем фан на тренинзите. На Просинечки во времето кога нема спорт се потсети Питер Крауч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крауч и Просинечки ја делеа соблекувалната во англиски Портсмунт. Прашањето кое Крауч го потсети на Просинечки беше – кој фудбалер од тоа време денес би имал потешкотии да остане фит во вакви вонредни околности во самоизолација.

„Мислев на некого, но ова прашање ќе го искористам да зборувам за Роберт Просинечки кој не беше баш посветен на работата и физичките активности. Единствен момент кога не пушеше црвено Марлборо беше додека играше. Едвај го гледавме на тренинзите во текот неделата, но и покрај тоа кога ќе дојдеше натпреварот беше најдобар на теренот“.

Крауч се обиде детално да ја опише уметноста на Просинечки.

„Имаше трик кој го изведуваше при шутот, правеше финта, а потоа го ротираше стапалото преку топката и така секој дефанзивец остануваше апсолутно збунет. Сите знаеа што ќе направи, се гледаше од авион, но никој не можеше да го запре“, објасни англискиот ветеран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…