Дома Фудбал Останато Крауч го прашаа да каже играч кој не го интересирал фудбалот, издвои едно име: Тој не знаеше ниту со кој играме

Крауч го прашаа да каже играч кој не го интересирал фудбалот, издвои едно име: Тој не знаеше ниту со кој играме

Питер Крауч, легендарниот англиски фудбалер и еден од најзабавните фудбалери во светот на фудбалот на Инстаграм одговараше на прашања на своите пријатели од целиот свет.

Англичанецот доби многу прашања, а едно прашање привлече посебно внимание. Крауч доби прашање дали знае некој талентиран фудбалер кој не се интересирал за фудбалот околу него и противниците, а него на памет веднаш му падна Бено Асу Екото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Постојат неколку играчи, но морам да го издвојам Бено Асу Екото со кој играв во Тотенхем. Тој воопшто не беше заинтересиран за фудбал. Можеше да наброиш четири или пет играчи во Премиер лигата, но тој немаше поим кој е кој, не знаеше ниту со кого играме“, изјави Крауч.

„Се што ние правевме тој правеше спротивно. Пред натпреварот знаеше да се појави со топло чоколадо и кроасан, а ние моравме да јадеме тестенини и јајца. Не знаеше со кој игра, не гледаше други натпревари. Само чекаше да заврши натпреварот и да си оди дома, беше мирен и повлечен. Да беше повеќе заинтересиран за фудбал можеше да направи многу поголема кариера“, раскажа Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …