Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е спремен да испрати богата понуда за плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско, пренесуваат шпанските медиуми.
Во моментов 26-годишниот играч за врска го доживува најтешкиот период на „Сантиаго Бернабеу“, бидејќи е во немилост на тренерот Солари, а во последно време и фановите се свртеа против него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа само ги зголеми шпекулациите дека Иско сака што побрзо да го напушти Реал Мадрид, иако има договор до 2022 година со „кралевите“.
Иско е на мета на многу европски гиганти, но најсилен интерес за него покажува Манчестер Сити. Тренерот Гвардиола никогаш не ги криел симпатиите за својот сонардник, а сега спрема и понуда за неговиот потпис.
Медиумите тврдат дека „граѓаните“ се спремни да понудат 86 милиони евра, но останува да видиме дали таа ќе биде доволна, бидејќи Реал за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.
Самиот фудбалер е заинтригиран од инетерсот на Манчестер Сити и има голема желба да работи со Пеп Гвардиола.
https://youtu.be/du8oRCNyQG0