Реал Мадрид остана жив во четвртфиналната пресметка со Партизан, откако вечерва успеа да победи со 82-80 и да намали на 1-2 во серијата.
Црно-белите стартуваа со фантастична серија од 12-0, имаа и водство од 15 разлика во првиот дел, но во втората четвртина Реал Мадрид намали голем дел од негативата и на полувремето се замина со предност на Партизан од 48-45.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во третата четвртина „ккралевите“ направија комплетен пресврт и го чуваа водството скоро до крајот. На неколку секунди до крајо Партизан израмни 77:77, па гледавме вистинска драма. На Вилијамс-Гос ја постигна клучната тројка за победа.