Реал Мадрид ја имаше една од најуспешните години во својата историја, но моментално заостанува 14 бода зад лидерот Барселона.
Поради тоа Флорентино Перез е одлучен да направи промени во тимот и е спремен да донесе три супер засилувања за кои ќе потроши астрономски 200 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зидан и Перез сметаат дека за анулирање на 14 бода зад Барселона потребни се засилувања во трите линии од тимот.
„Диарио Гол“ тврди дека Реал ќе потроши 200 милион евра и тоа за Мауро Икарди (110 милиони), Леонардо Бонучи (60 милиони) и голманот Аризабалага (30 милиони).
Напаѓачот на Интер игра во фантастична форма и постигна 17 гола на 17 меча оваа сезона, а веќе подолго време се поврзува со трансфер во „кралскиот“ клуб. Аргентинецот ќе биде одлична поддршка за Бензема кој оваа сезона е во очајна форма.
Лео Бонучи ќе ја засили одбраната каде покрај Рамос и Варан нема друг квалитетен играч. Италијанецот е еден од најдобрите стопиери во светот, но оваа сезона се вклипи во сивилото на Милан и сака да ја промени средината.
Кепа Аризабалага веќе подолго време е на радарот на Реал Мадрид и предвиден е за наследник на Кејлор Навас. Трансферот е веќе договорен, а „кралевите“ ќе ја активираат откупната клаузула во јануари.
Вака ќе изгледа новиот Реал Мадрид: